НАТО е подготвен да ја поддржува Украина со години

од Vladimir Zorba
208 прегледи

НАТО е подготвен да ја поддржува Украина со години во војната против Русија, вклучително и обезбедување помош на Киев за да се префрли од старото оружје од советската ера на модерна западна воена опрема, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Треба да се подготвиме на долг рок. Постои апсолутна можност оваа војна да продолжи и да трае со месеци и години“, изјави Столтенберг на младинскиот самит во Брисел, пренесува Ројтерс.

Генералниот секретар на Алијансата додаде дека сојузниците на НАТО се подготвуваат да и помогнат на Украина да се префрли на оружје според стандардот на Алијансата.