НАТО е застарена организација и ги чини прескапо САД. Затоа таа треба да биде форматирана и променета, макар и под истото име, за спротивставување на тероризмот, или да биде заменета со соодветна структура, рече главниот кандидат за претседателска номинација од Републиканската партија на САД Доналд Трамп.
Тој даде интервју за телевизијата Еј Би Си пред водителот Џорџ Стефанопулос, цитирано од Ројтерс и ТАСС.
“Ние преземаме несразмерно голем дел од трошоците на НАТО во споредба со останатите земји”, истакна Трамп.
“НАТО беше формирана во времето на Советскиот Сојуз, кој беше очигледно поголем од денешна Русија. Не велам дека Русија не претставува закана, но пред нас има и други закани, на пример, тероризмот, а НАТО не го разгледува тероризмот. Алијансата е замислен не за борба против тероризмот и во неговиот состав се вклучени не оние земји кои треба “, објасни тој.
“Кога Русија посегнува на НАТО, ние (САД) веднаш го активираме НАТО. Од другите земји (членки) сепак не доаѓа до никаква реакција, како што тие немаат никаков однос кон Украина. Не сум чул да реагираат други земји од НАТО, на пример Германија”, рече претендентот за претседателската номинација на републиканците.
На сличен начин тој се изрази и во друго интервју објавено викендов во весникот “Њујорк тајмс”. Трамп е на мислење дека за европските земји нафтата и гасот од Русија се поважни од решавањето на кризата во оваа земја. “Тие (европските земји) всушност сакаа од Русија гас, нафта и други работи, и затоа ги беа заклучиле устите”, додаде милијардерот политичар.
Сонот на Турција во ЕУ блокиран од Кипар
Тој се однесуваше критична кон предлогот САД да започнат да вршат поактивна поддршка за Украина. “Ние (САД) се бориме за Украина, но никој друг не се бори за Украина, освен самата Украина. Тоа не ми се чини праведно и логично”, отсече тој.
Во интервјуто тој изјави дека ако биде избран за претседател на САД, ќе го почитува оној член од статутот на НАТО во кој се презема обврска за колективна одбрана, но призна дека не гледа причина да се фокусира вниманието на привидна закана од Русија, забележува ТАСС. “Да, јас ќе го пазам (овој член). Тоа е договор и во него е изложено сето тоа. Имам предвид дека ние ќе ги заштитиме сите. Не е важно кого, ние едноставно ќе го заштитиме целиот, целиот свет”, истакна Трамп.
Трамп повторно истакна дека повеќе актуелено прашање за НАТО е да се концентрира на борбата против тероризмот. “Може да се додаваат кон НАТО неколку земји или воопшто да се апстрахираме од тоа. Но, вниманието треба да се концентрира на тероризмот, кој во овој момент е најголемата закана”, рече Трамп.
Според него е добро да се размисли да се даде можност на Јапонија и Јужна Кореја да создадат свое нуклеарно оружје, наместо да се потпираат на Америка за заштита од Северна Кореја и Кина. Тоа би било остар свиок во досегашната американска политика, забележуваат агенциите.
Тој исто така, вети дека ако биде избран, може да ги запре американските купувања на нафта од Саудиска Арабија и другите арапски сојузници, ако тие не испратат копнени сили за борба против Исламската држава, или ако не платат на САД да го стори тоа.
Трамп направи врска помеѓу зголемувањето на долгот на САД и зголемувањето на нивниот придонес за буџетот на НАТО. “Наскоро ќе имаме долг од 21 трилиони долари – засега се само 19 трилиони. Ако се појават било какви загрижености – обратете се до САД. Ние ќе ги заштитиме сите, во некои случаи – дури и бесплатно”.
Главниот републикански ривал на Трамп за претседателската номинација – сенаторот од Тексас Тед Круз, ги нарече ставовите на бизнис магнатот за НАТО “катастрофално глупави”. “Да се напушти Европа, да се повлечеме од најуспешниот воен сојуз во модерната историја, би било целосно неразумно”, рече Круз. “Тоа значи да му дадемена послужавник огромна победа на (рускиот претседател) Путин, огромна победа на” Исламска држава “, заклучи противникот на Трамп.
Круз додаде дека ако биде избран за претседател, пристапот кон ИД ќе биде оваа група “да биде уништена преку бомбашки тепих”.
