84
Авионите на НАТО Ф-16 денеска одговорија на најмалку една неидентификувана цел над територијата на Романија. Во тек е истрага за третото нарушување на воздушниот простор на Алијансата во оваа земја во рок од една недела.
Романското Министерство за одбрана соопшти дека воените радари откриле неодредена воздушна цел на границите на Романија и Украина во средата околу 20:45 часот по локално време, пишува Newsweek.
Радарите ја следеле целта западно кон градот Тулка, пред да се изгуби сигналот околу 21 часот по локално време, нешто повеќе од десет километри североисточно од таа населба, се вели во соопштението.