НАТО го потврди инцидентот на својата веб-страница

од Radmila Tasevska
146 прегледи

Организацијата на Северноатлантскиот договор потврди дека сајбер инцидентот влијаел на работата на нејзините веб-страници.

„Сајбер експертите на НАТО активно работат на инцидент кој погоди некои веб-страници на НАТО. Алијансата редовно се справува со сајбер инциденти и многу сериозно ги сфаќа таквите безбедносни закани“, изјави претставник на Алијанса за ДПА, пренесува Хина.

Причина за изјавата се објавите на социјалните мрежи во кои се наведува дека проруски хакери ја нападнале веб-страницата на Штабот за специјални операции на НАТО (NSHQ), која привремено стана недостапна.

Хакерска група „Килнет“

Во најавите се наведува дека во нападот, меѓу другото, учествувала и руската хакерска група „Килнет“.

Оваа група беше поврзана и со други неодамнешни напади, во кои цел беа страниците на германскиот Бундестаг и полицијата.

НАТО не објави дополнителни детали за инцидентот.

Слични содржини