Претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер и командантот на Здружениот штаб на вооружените сили на БиХ, Сенад Машовиќ, денеска ја истакнаа важноста од понатамошна соработка меѓу БиХ и НАТО и полноправно членство кога ќе дојде време.
На заедничката прес-конференција со Масовиќ, адмиралот Бауер истакна дека глобалната безбедност е загрозена од руската агресија врз Украина, каде, како што наведе, со употреба на сила се обидуваат да ја уништат силата на законот.