300
Помошникот генерален секретар на НАТО, Ангус Лапсли, денеска ја повика Кина, како глобална сила, да биде потранспарентна кога станува збор за складирањето нуклеарно оружје.
Тој на безбедносната конференција Шангри-Ла во Сингапур рече дека НАТО е подготвен да разговара со Пекинг за ова прашање.
„Како глобална сила, Кина има одговорност да биде потранспарентнa“, рече Лапсли, додавајќи дека обемот и темпото на подемот на Кина „се навистина зачудувачки“, пренесува „Ројтерс“.