НАТО објави ВИДЕО од нуклеарни вежби над Европа

од Nikola Popovski
112 прегледи

НАТО објави снимка од последната нуклеарна вежба над северозападна Европа. Во вежбата учествуваа 60 авиони, вклучувајќи борбени авиони и авиони за надзор и полнење гориво, пишува „Sky News“.

Во видеото се вели дека тоа е „рутинска активност и не е поврзана со никакви актуелни настани во светот“.

Повеќето од вежбите се одржаа на најмалку 1.000 километри од руските граници, над Белгија, Северното Море и Обединетото Кралство.

НАТО соопшти дека целта е „да се зачува мирот, да се одврати агресијата и да се спречи принуда“.