НАТО одговара на најдобар начин на тактичките игри на Путин

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Режимот на Путин е многу непредвидлив и хаотичен од советскиот, бидејќи не гони никаква идеологија, туку само гледа да се задржи на власта. Дали НАТО може да му спротивстави? Коментар на Бернд Ригерт за “Дојче веле”.

zx450y250_2793632 (1)

НАТО ѕвечка со оружје, но сосема тивко. Затоа што четирите баталјони кои ги праќа на источната граница, не се никаква закана за значително многубројните руски единици.

Москва нема да се импресионира особено од зголемената бројка на НАТО војници, а и во НАТО едвај некој очекува такво нешто. На средбата во Варшава стана главно збор главно за тоа да биде демонстрирана кохезија. НАТО тоа сака да им го покаже на балтичките држави, како и на поранешните држави од Варшавскиот пакт дека ја разбира нивната загриженост.

Никој во НАТО, се разбира, не верува сериозно дека Русија има намера да напаѓа земји – членки на Алијансата, или да врши “хибридни” напади со помош на полулегални формации, како во Украина. Во НАТО се свесни дека претседателот Путин повеќе сака да обезбеди своето влијание во Украина, Белорусија, Грузија, Молдавија, Азербејџан и Ерменија.

И тој веќе ја постигна таа цел. Белорусија онака е сојузник на Русија, а другите земји се вплеткани во конфликти, активно кои ги подгрева од Русија. Додека тлеат овие “замрзнати” конфликти, ниту една од споменатите држави не може да стане членка на НАТО. Патот кон Алијансата е пречка за долги години, ако не и за децении.

Во овој контекст треба да се толкува и неодамнешната посета на Путин во Финска. На Финците, кои од време на време се во игра со мислата за приближување кон Алијансата, Москва јасно даде до разбирање дека нивната земја има премногу долга и доволно ранлива граница со Русија.

НАТО пак сега јасно ги предупредува Русите – тука и ниту чекор напред! Западните земји – членки на Алијансата, кои не се директно загрозени од Русија, исто демонстрираат единство. Засега Путин не успева да ја раздвои Алијансата.

Одвраќање и дијалог

А и делумно активирањето на противракетен систем во Полска е далеку од нешто што би можело да се протолкува како ѕвечкање на оружје од страна на Западот.

Чисто технички предметниот систем не можат да ги престегигне руските интерконтинентални ракети. Таа е насочена против евентуални закани од Северна Кореја и Иран. И раководството во Москва многу добро го знае тоа, иако постојано тврди спротивното.

Откако е разјаснето и ова важно прашање, де факто нема никакви пречки за еден нов дијалог меѓу НАТО и Русија. Работата на Советот НАТО – Русија ќе биде обновена, рускиот претседател Путин води редовни телефонски разговори со Барак Обама, со францускиот претседател Оланд и германската канцеларка Меркел.

Не недостасува и дијалог на највисоко ниво. Така и треба да биде, бидејќи НАТО земјите и Русија имаат и заеднички политички интереси поврзани со решавањето на конфликтот во Сирија, борбата против исламскиот терор, ситуацијата во Авганистан или Иран. Постојат и бројни заеднички економски интереси.

По Варшавската самит двете страни затоа ќе се вратат кон реалната политика и ќе ги продолжат разговорите меѓу себе. Главните губитници од двојната стратегија на НАТО за тивко ѕвечкање на оружје и дијалогот се Украина и Грузија. Тие ќе мора да се помират со фактот дека Русија уште долго ќе го прејудицира нивниот развој, а НАТО нема да може или нема да сака да интервенира воено.

Претседателот Путин треба да биде заплашен во границите во кои се наоѓа денес. Враќањето на Крим или повлекувањето на Русија од Абхазија и Транснистрија остануваат чиста илузија.

Но целата денешна ситуација во Европа нема никаква врска со студена војна. Своевремено една против друга беа изведени две завојувани идеологии, два вооружени до заби блока со стотици илјади војници во центарот на Европа. Денес бројот на конвенционалните оружје е релативно мал.
Затоа пак демократиите се соочуваат против режимот на Путин, кој на многу начини е непредвидлив и хаотичен, отколку што беше советскиот, бидејќи не гони никаква идеологија, туку се стреми само кон зачувувањето на власта. А начинот на кој НАТО сега одговара на тактичките игри на Путин, е најверниот.