НАТО протера осум членови на руската мисија

од Vladimir Zorba
304 прегледи

НАТО протера осум членови на руската мисија од тој сојуз, тврдејќи дека работеле тајно како разузнавачки агенти, изјави неименуван претставник на таа воена организација.

„Можеме да потврдиме дека ги повлековме акредитациите за осум членови на руската мисија во НАТО, кои беа нерегистрирани руски разузнавачи“, изјави претставникот на НАТО.

Тој додаде дека Alijansata, исто така, го намали бројот на позиции од 20 на десет, на кои Русија може да акредитира луѓе во таа организација, пренесе „АП“.

Не беше дадено објаснување за таа одлука, но се наведува дека ќе стапи на сила кон крајот на месецот.

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на Долниот дом на рускиот парламент, Леонид Слуцки, изјави дека Москва подготвува одмазднички мерки против одлуката на НАТО да протера осум руски дипломати, за кои Алијансата тврди дека се нерегистрирани разузнавачи.

Агенцијата објави дека Слуцки навестил дека руските контра-мерки не мора да бидат исти со оние што ги применува НАТО.