НАТО против митовите на Русија за оцрнување на Алијансата

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Во НАТО одлучија да и одговорат на Москва, која шири „митови за агресија на Алијансата” и преку факти ги разобличија главните заблуди за нејзините намери, пишува „Ди Велт”, повикувајќи се на документ, објавен на сајтот на блокот. Првиот „мит” се базира на мислењето дека Северноатлантската алијанса ја исполнила својата мисија со крајот на Студената војна. Според авторите на документот, денешниот свет е многу поопасен, и тоа во голема мера поради дејствата на Русија. Тоа значи дека улогата на Алијансата во светот е важна, како никогаш порано.

nato-vs-russia

Според вториот „мит” НАТО се стреми да ја опкружи Русија. Но Алијансата учествува само во три операции надвор од територијата која влегува во нејзин дофат, додека Русија го „зголемува воениот потенцијал на западните граници”. По повод третиот „мит” во кој се наведува дека НАТО ги прекршил постојните аранжмани со Москва, авторите на документот велат дека ситуацијата во реалноста е крајна спротивна и дека баталјон во балтичките земји и Полска не може да се смета како „голема сила”, за разлика од руските војници стационирани во Грузија, Украина и Молдавија.
За четвртиот “мит” во документот се наведува изјавата на Москва дека системот ПРО е насочена против Русија. Контра на експертите на Русија е дека НАТО нема можност да воспостави руски интерконтинентални ракети, а лансери на Алијансата, според нив, служат исклучиво за заштита на населението. И конечно, петтиот “мит”. Според авторите на НАТО документот, тој се состои во тоа дека НАТО се подготвува за војна со Русија. Земјите од блокот не бараат конфронтација со Москва, тврди Алијансата, а сите активности кои Русија оценува како директна закана, на пример плановите за распоредување на војници во Источна Европа, се ништо повеќе од одговор на „измени во сферата на безбедноста”, кои се поврзани непосредно со активностите на Москва. НАТО останува отворен за дијалог со Русија, но имајќи ја предвид сегашната ситуација во однос на безбедноста, ќе се фокусира на ограничувањето и ќе обезбеди заштита, се истакнува во документот.