НАТО: Руски нуклеарен напад би го променил текот на конфликтот

од Берта Китинска
179 прегледи

Руски нуклеарен напад би го променил текот на конфликтот и речиси сигурно би предизвикал „физички одговор“ од сојузниците на Украина и потенцијално НАТО, изјави денеска висок претставник на Алијансата.

Висок функционер на НАТО предупреди дека каква било употреба на нуклеарно оружје од страна на Москва ќе има „невидени последици“ за Русија, објави Ројтерс.