НАТО со честитка по повод Денот на независноста

од Radmila Tasevska

НАТО Алијансата и Заедничката команда на здружени сили на НАТО во Брунсум со фотографии и видеа од македонските војници во заедничките операции, го честитаа 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија.

–   Ретвитнете за да се придружите во прославувањето на нашиот сојузник Северна Македонија на Денот на независноста, објавено е на официјалниот профил на НАТО на Твитер, сега преминувана во Х.

Заедничката команда на здружени сили на НАТО во Брунсум, пак, објави видео од активностите на македонските војници со порака „Честит ден на независноста на нашиот сојузник, Северна Македонија! Погледнете го видеото за да прославиме заедно“.

Слични содржини