НАТО: Суверено право на секоја држава е одлуката за приклучување

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Претседателот на воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, денеска изјави дека суверено право на земјите како Шведска и Финска е да одлучат дали сакаат да се приклучат на Алијансата или да испратат помош во вооружување за Киев.

Обраќајќи им се на новинарите во Сеул, Бауер рече дека НАТО не побарал приклучување и дека не врши притисок врз ниту една земја да се приклучи или да обезбеди помош во оружје за Украина, пренесе Ројтерс.

Официјалниот претставник на НАТО нагласи и дека Јужна Кореја треба да одлучи дали сака да испрати оружје во Украина.