НАТО упати поддршка за Украина: Столтенберг ги осуди нападите на Русија

од Stefanija Kuzmanovska
263 прегледи

Киев денеска беше бомбардиран за прв пат од 26 јуни.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги осуди руските напади врз цивилни објекти во Украина.

„Разговарав со министерот за надворешни работи Димитро Кулеба и ги осудувам страшните и неселективни напади врз цивилната инфраструктура во Украина. НАТО продолжува да го поддржува храбриот украински народ да се бори против агресијата на Кремљ онолку долго колку што е потребно“, напиша Столтенберг на својот Твитер профил.

Околу 75 руски ракети утрово беа испратени на територијата на Украина. Киев беше бомбардиран за прв пат од 26 јуни, а погоден е и Лавов, на запад.