НАТО за 12 отсто го зголемува воениот буџет за 2024 година

од Radmila Tasevska
213 прегледи

НАТО денеска соопшти дека го зголемил воениот буџет за 2024 година за 12 отсто, на 2,03 милијарди евра, додека цивилниот буџет на Алијансата е зголемен за 18,2 отсто, на 438,1 милиони евра.

Зголемувањето и проширувањето на заедничкиот буџет на НАТО им овозможува на сојузниците поефикасно да се справат со заедничките безбедносни предизвици, соопштија од седиштето Алијансата во Брисел.

Цивилниот буџет на НАТО обезбедува средства за персонал, оперативни трошоци и програмско проширување на штабот на НАТО и неговиот меѓународен персонал, додека воениот буџет ги покрива оперативните трошоци на командната структура на штабовите на НАТО, мисиите и операциите низ светот, наведуваат британските медиуми.

Слични содржини