„НаТочак“: Скопје живее во епидемија на сообраќајно насилство

од Берта Китинска
274 прегледи

Велосипедистите од иницијативата „НаТочак“ во среда ќе ја возат 89-та Критична маса по улиците низ Скопје во знак на протест против пасивниот однос на локалната власт за преземање мерки за унапредување на очајната безбедност на улиците во главниот град.

Од оваа иницијатива велат дека „Скопје живее во епидемија на сообраќајно насилство“ и дека е потребна „вистинска политичка визија за промена, а не нови жртви“.

Оттаму прашуваат „уште колку жртви треба да видиме на улиците и пешачките премини за локалната власт да се освести“ дека се потребни итни мерки и дека „не постои ништо поважно од човечкиот живот“.

Возењето ќе започне во 17:30 часот од плоштад Македонија.

Слични содржини