321
Истрагата за изгорената модуларна болница во која животот го загубија 14 лица не треба да се спречува и политизира се со цел да се утврди кој каква одговорност има, кажа при своето гостување во „Клик плус“, универзитетскиот професор Александар Нацев.
– Ние сега треба да ја вратиме приказната назад, да видиме како настанал, затоа верувам дека експертиве ќе ни помогнат, точно да утврдат зошто толку брзо се проширил, но и да испитат како и на кој начин се правени тендерите, набавките. Од какви материјали се направени тие модуларни болници, и како што кажа професорот Дујовски доколку истрагат се прошири, таа не треба да се спречува, најмалку треба да се политизира, се со цел да се утврди кој каква одговорност има, истакна Нацев.