Нацев: Не треба да избрзуваме со непромислени изјави, дека ќе пратиме војници да се борат за Украина

од Берта Китинска
178 прегледи

Професорот Александар Нацев вели дека не треба да избрзуваме со непромислени изјави како од типот на дека ќе пратиме војници да се борат за Украина.

-Сметам дека треба да ги почекаме заклучоците од самитот на НАТО. Алијансата е во еден процес на добивање на стратешка цел.Ние треба да се придржуваме кон НАТО, јас верувам дека до вечер ќе има уште случувања во Украина. Не треба да избрзуваме со непромислени изјави од типот на дека ќе пратиме војници да се борат за Украина бидејќи од другите државници никој не излезе со храбри изјави дека ќе прати војници да се борат туку сите повикуваат на помош со преговри, но не со човечки сили, вели Нацев во „Студио 10“.