Нацев: Разузнувачките и безбедносните служби да се насочат кон конфликтот во Украина и можните реперкусии кои би можеле да ги има кон Македонија

од Маја Анчевска
305 прегледи

Нашите преговори за влез во ЕУ знаеме дека веќе се заглавени во мртва точка со негодувањето или годување на тој статус. Жозел Борел веројатно е во рутинска посета, бидејќи оваа недела е посета на високи претставници и функционери на ЕУ и мора да се движат во сите региони за да ја покажат својата присутност на одредено место, вели во разговор за „Локално“ универзитетски професор Алексадар Нацев.

Професорот е дециден дека е  тешко е да се зборува за било какво добивање на датум за преговори.

–  Колку повеќе се одоговлекува тој датум, можеби како што кај европските земји се појавува замор, така и  кај нас се појавува замор на јавноста од чекање прет портите на ЕУ. Сепак поддршката од ЕУ кај нас е високо процентуално ниво и не очекувам дестабилизирање во однос на тоа, додава тој.

Според него тоа што сме членка на НАТО е гаранција дека ни е загарантирана сигурност од воени дејствија и нема да се прелеат кај нас.

– Може само да видиме пропагандички и психолошки операции и секако се за  очекување економски санкции кои Русија ги најави и ги стави на листата на непријателски земји. Но, тоа не значи дека нашите разузнувачки и безбедносни служби не треба  да ја вршат својата работа и целото времето да го насочат кон конфликтот и можните потенцијални реперкусии кои би можеле да ги има кон Македонија.

Во однос за внатрешна безбедност  на Македонија смета дека не можеме да се очекува нарашување.

– Нашата официјална државна политика е да се поддржи Украина и материјално и декларативно, а како членка на НАТО се приклучивме и кон препораките и ставовите кои се донесени на самитот на НАТО. Дали има сила во општество  на одредени групации и сили во земја кои се проруски, нема.  Она што го видовме со маршот за поддршка  е нешто што најмногу можевме да видиме, вели Нацев.

Русија побара воена помош од Кина, дали станува збор за замачкување очи, професорот смета дека  не можеме да видиме какви се воените стратешки планови на Русија.

– Гледаме дека ситуација на терен во последно време е во застој, но тоа не значи дека стратешките планови зацртани на почетокот пред воената операција не се остваруваат, но со помал интензитет од очекуваното и затоа можеби гледаме дека се остава поголемо време на украинските вооружени сили да се стабилизираат. Да се има некој таен воен план,  да се чува некое најсофистицирано оружје за последен момент не е баш практично.  Во овие моменти станува збор за дипломатски судири помеѓу Русија и оние земји кои сеуште останаа неутрлани во изрекување на одредени санкции, заклучува Нацев.

M.A.