Научниците од Франција тврдат дека сексот е од витално значење за машкиот организам.
Половиот живот на мажот не е некаков каприц и неговото отсуство во некои случаи може да доведе до силни депресии и дури до прерана смрт.
Во својата научна работа истражувачите уверуваат дека воздржувањето дејствува поинаку врз организмот на мажите и жените. Од долготраен недостаток на секс во машкиот организам се јавуваат проблеми со кардиоваскуларниот систем, страда нервниот систем, се крши и психата.Понекогаш мажите запаѓаат и во стрес. Изнесоа исто така дека без секс машкиот организам старее предвреме, а тоа носи опасност од прерана смрт.
Кај жените недостатокот на секс нема толку големо влијание, но сепак им се расипува расположението, тие чувствуваат и непријатност.