Научници: Луѓето се уникатни супер-предатори

од desk3
114 прегледи

Ново истражување објавено во списанието Science, го дефинира човекот како уникатен супер-предатор, пишува BBC News.

Image_4936733_126
Анализа на глобалните податоци ја открива суровоста на нашите ловечки практики и ефектот врз пленот. Тој покажува дека луѓето го намалуваат бројот на рибните популации со 14 пати повисоко темпо од самите морски предатори. На копно пак убиваме четири пати повеќе месојадни животни како мечки, волци и лавови отколку самите предатори што убиваат.

Според авторот Крис Даримонт од Универзитетот Викторија во Канада и неговите колеги најмногу поразувастремежот на луѓето да доловуваат возрасни примероци. Тоа е сосема различно од останатиот животински свет во кој малите најчесто служат за храна на предаторите. Делумно тоа може да се објасни со инструментите кои ги користат ловците. Можеме да фатиме возрасни животни со минимална цена и да победиме максимално во краток рок, објаснува проф. Даримонт, цитиран од Фокус.

“Модерни технологии за убивање го ослободуваат човекот од претходните ризици и опасности на грабливите дејствија”, вели тој. “Ловците фаќаат животни со помош на куршуми, рибарите со куки и мрежи. Луѓето преземат минимален ризик во споредба со предаторите во дивината, особено копнените месојади ”

Фаќање на големи возрасни животни активира процес на изумирање, како и еволутивна промена кон помала големина и нарушување на глобалните ланци на прехрана, истакнуваат авторите. Проф. Том Ријмхен, коавтор и истражувач од Универзитетот Викторија, прави споредба со финансискиот систем. Тој вели дека возрасните животните ” се репродуктивен капитал” – еквивалент на парите кои се во банкарска сметка или пензиски фонд. Научникот наведува дека ние го јадеме овој капитал, а всушност би требало да живееме со камата – младите животни. Приоритетот на возрасни животни не е одржлива стратегија и јасно е од фундаментална биологија, нагласува проф. Даримонт.