Научниците од универзитетот “Дејвис” создале процесор со илјада јадра. Чипот KiloCore може да се користи за сложени пресметки како енкрипција, обработка на научни информации од експерименти или обработка на видео, соопшти самиот универзитет.
Процесорот може да обработува по 115 милијарди инструкции во секунда, а има потреба само од 0.7W енергија. Теоретски му овозможува да биде придвижуван од една АА батерија. При максимално оптоварување сепак процесорот може да ги врши уште најимпресивните 1,78 трилиони инструкции во секунда. Во чипот има вкупно 621 милиони транзистори.
“Колку што знаеме, ова е прв процесор со илјада јадра во светот и е со најголема моќ од сите процесори некогаш создадени во универзитет”, коментира Беван Баас, шеф на истражувањето. Секое јадро е индивидуално и може да се исклучува кога не е потребно. Покрај тоа секое јадро може да работи со посебна програма која му овозможува на процесорот да е многу ефикасен. KiloCore ги извршува инструкциите над 100 пати поефикасно во однос на процесор на модерен лаптоп, коментира Баас.
Чипот е произведен од IBM по 32-Нм технологија. Научниците го развиле и потребниот софтвер за програмирање и управување на чипот. Сепак тие не планираат да го стават во производство, но ќе го користат наученото од проектот за други мулти-кор процесори, кои можат да се применуваат во масовните уреди.
