Научниците од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија објавија дека постигнале голем напредок во развојот на вештачка кожа за протези, пријави The Independent. Преку неа човек ќе може да го врати чувството за допир, топлина и болка, коментираат експертите.
Кожата е изработена од пластика во два слоја. Горниот гради допир механизам, а долниот – системот за пренос на електрични сигнали до нервните клетки. Разработката дури може да чувствува притисок во истиот опсег како човечка кожа.
“Ова е прв пат каде материјал сличен на кожа, кој е флексибилен, може да детектира притисок и да праќа сигнали до компонента од нервниот систем“, коментира Бао, раководител на проектот. Работата продолжува веќе пет години како првично започнала со обични сензори. Денес веќе се користат нови материјали како Граф.
Бао прецизира дека постигнатото до тука е само чекор кон вистинската цел – создавање на флексибилна електронска материја во која може да се стави сензори и да се вложува на протези. Има уште доста работа пред проектот да ја напушти експерименталната фаза, коментира Бао, но додава дека таа и тимот веќе знаат дека тоа е сосема можно и имаат јасен пат, по кој да се работи.
