Научници: Температурата на океаните на почетокот на април е највисока во историјата

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Просечната температура на површината на светските океани на почетокот на април достигна 21,1 степен, што е највисока во историјата од почетокот на сателитското снимање.

Американската Национална агенција за океани и атмосфера (НОАА) објави податоци од кои произлегува дека е соборен претходниот рекорд од 2016 година, кога во овој период од годината температурата на океаните била 21 степен, пишува Гардијан.

„Сегашната траекторија на пораст на температурата на океаните ги урива сите претходни рекорди, а бројките се чини дека ќе станат уште повисоки“, рече климатологот од Универзитетот во Нов Јужен Велс, професор Метју Ингланд.

Слични содржини