Генетиката и биотехнологијата се повеќе ги поместуваат границите на она што го сметаме за возможно. Еден од најамбициозните напори во оваа област е обидот да се оживеат изумрените видови. Најсвеж пример за овој пристап е планот да се „врати во живот“ додото, позната птица која исчезнала пред повеќе од три века.
„Проектот на оживување на додо користи напредни генетски технологии, вклучувајќи секвенционирање на геномот и уредување на гени. Научниците веќе го секвенционираа геномот на додо користејќи зачувани музејски примероци. Следниот чекор е да се користи ДНК на додото за да се модифицираат геномите на неговите најблиски живи роднини, како што е гулабот Никобар“, објаснува Бет Шапиро, главен научен директор на „Colossal Biosciences“, објаснувајчи ги деталите за овој револуционерен проект.
Оваа технологија, позната како „CRISPR-Cas9“, им овозможува на научниците прецизно да го менуваат генетскиот материјал. Крајната цел е да се создаде птица која ги споделува клучните карактеристики на додото, иако нема да биде идентична со оригиналниот вид.
Птица која симболизира изумирање
Додото (Raphus cucullatus) била голема, несмасна птица која не летала и која живеела исклучиво на островот Маурициус во Индискиот Океан. Неговиот изглед, однесување и судбина со векови ги фасцинирале научниците, уметниците и писателите. Денес, додото е симбол на последиците од човечкото влијание врз природата и екосистемите.
Популацијата на дода брзо се намали по доаѓањето на европските колонизатори во Маурициус во 16 век. Човечката активност, ловот и воведувањето на нови предатори, како што се стаорци и свињи, придонесоа за неговото истребување до крајот на 17 век.
Додото бил член на семејството гулаби и близок роднина на гулабот Никобар, кој сè уште живее на некои острови во Пацификот. Возрасните птици биле високи околу 1 метар и тежеле помеѓу 10 и 20 килограми.
Неговот големо, заоблено тело беше покриено со сивкави и кафени пердуви и кратки криви крилја, кои не биле функционални за лет.