Се смета дека жената на трговецот од Фиренца, Франческо дел Џокондо Лиза Герардини позирала  за ремек делото на Леонардо да Винчи. Точно да се одреди припадноста на пронајдените остатоци се уште не е можно.Италијански истражувачи соопштија дека тие, веројатно, успеале да откријат остатоците на жената која е прикажана на познатата слика на Леонардо да Винчи “Мона Лиза”, објави агенцијата Ројтерс.

20150925.qxszqswqtu

Модерните технологии уште не дозволуваат со точност да се утврди, навистина ли се пронајдени останките на Лиза Герардини, жената на трговецот од Фиренца, Франческо дел Џокондо, која, како што се верува, се сликаше  за да Винчи. И покрај фактот дека идентитетот на жената не е 100% познат , многумина историчари се убедени дека тоа била токму Герардини. Многумина археолози  бараа нејзини остатоци  во манастирот, во кој таа ги поминала последните денови од својот живот. Во процесот на работата во потрагата по остатоците археолозите ја отвориле семејната гробница на семејство Џокондо, за да направат ДНК анализа.

Во текот на ископувањата беа пронајдени останки на многу луѓе, но анализата покажа дека остатоците само во еден гроб може да се однесуваат на периодот во кој живеела Лиза Герардини. Според зборовите на Силвано Винчети,кој го  раководи државниот комитет на Италија за развој на историското и културно наследство, документацијата  за местото на погребување и резултатите од истражувањата го убедиле во тоа дека пронајдените остатоци припаѓаат на Герардини.

“Ако ме прашувате мене лично, мислам дека можам да кажам со сигурност дека ние сме ја пронашле”, изјави Винчети пред новинарите.Агенцијата забележува дека и покрај позитивниот тон, резултатите од откритието се не толку импресивни отколку што сметаат научниците. Пред две години Винчети за новинарите изјави дека тој се надева да го најде черепот на Герардини и да го поврати нејзиното лице, за да го спореди со сликата од сликата на Леонардо да Винчи.

Слични содржини