Таа ги привлекува објектите побавно од останатите дупки и затоа досега не била забележана.
Научниците го открија постоењето на досега непозната црна дупка, скриена во внатрешноста на Млечниот пат, пишува списанието “Сајанс дејли”.
криениот
Новооткриениот објект наречен VLA J2130 + 12, бил забележан сега за првпат, бидејќи не се однесувал на вообичаениот начин за црните дупки, со што и не го привлекло вниманието на истражувачите. Конкретни кај неа е дека таа е значително помирна од останатите. Таа, исто така привлекува објектите во близина на себе, но многу бавно и поради таа причина не била забележана.
Интересно во случајот е дека по наоѓање на таква црна дупка може да се покаже дека универзумот е полн со многу други такви црни дупки кои чекаат да бидат откриени.
Слични небесни објекти всушност не можат да бидат видени. Нивното присуство се утврдува врз основа на ефектот кој влијаат врз соседните на нив тела, што значи дека тие можат да поминат доста време, без да бидат забележани.
“Обично наоѓаме црна дупка, кога таа привлекуваат големо количество материја”, вели водечкиот научник на истражувањето на VLA J2130 + 12 Бејли Тетаренко од Универзитетот во Алберт, Канада, цитирана од весникот “Сајанс дејли”.
За првпат новоотворената црна дупка привлекла вниманието на истражувачите, откако се сретна посебен извор на радио бранови околу нејзиното место во Галаксијата. Овие радио бранови биле со истата сила како оние што се емитираат од црна дупка, но научниците откриле само слаби траги од Х-зраци. Според истражувачите слабите рендгенски зраци се должат на слабото привлекување на дупката.
VLA J2130 + 12 има од една десеттина до една петтина помала маса од Сонцето и е одалечена на 7200 светлосни години од Земјата.
