Научниците од САД открија каква мозочна активност провоцира осаменоста.

Контактот со други човечки суштества е корисен не само од психолошка гледна точка. Тој помага и на еволуцијата. Група од луѓе полесно би наоѓале засолниште и храна отколку што би можел поединец. Инстинктот да бараме утеха од присуството во група исто така е длабоко вкоренет. Кога ќе бидеме лишени од контакт, често стануваме вознемирени и несреќни.
Тим од научници од МИТ го идентификуваа делот од мозокот кој е одговорен за чувството на осаменост. Таму се содржат клеточни синџири кои според истражувачите се одговорни за желбата за социјализација по период на изолација.
Досега се истражени само глувци, при што е утврдено дека животните, оставени да живеат во група, имаат одредени неактивни неврони во делот од мозокот кој има заедничко со осаменоста. За време на изолација овие неврони стануваат чувствителни на социјален контакт и кога одделен глушец ќе биде пуштен повторно кај останатите, невралната активност се зголемува.
“Многу истражувања на човечката психологија покажува потреба од социјална врска, особено кај самохраните луѓе. Нашето сфаќање за невралните механизми во оваа состојба е многу мало “, вели шефот на тимот Гилијам Метјуз.
Понатамошната работа на научниците ќе биде насочена кон истражувањето дали невроните едноставно ја земаат предвид осаменоста или ја предизвикуваат, како и дали разликата во невроните значи различно ниво на социјалност.