Меѓународна група на истражувачи смета дека во универзумот може да постојат суперземски екстрасоларни планети, десет пати поголеми од земјата, со погодни за живот океани, покриени со глечери, пренесе РИА Новости.Специјалистите стигнаа до заклучок, потпирајќи се на податоци од компјутерско симулирање . Меѓу познатите во моментов екстрасоларни планети најверојатен кандидат за присуството на океани, покриени со мраз, се Кеплер 62Е и Кеплер 62Ф. Во границите на Сончевиот систем на параметрите на моделот одговара сателитт на Јупитер- Ганимед.
Противниците на авторите на студијата сметаат дека добиените заклучоци не можат да се сметаат за конечни, бидејќи во работата не биле употребени сите познати моментално информации за екстрасоларните планети.
