Паровите сепак се многу различни и времето на половиот акт движи од 33 секунди до 44 минути

500 парови од целиот свет биле учесници во експериментот на научниците од универзитетот во Куисланд, Австралија за пресметување на времетраењето на половиот акт, соопшти “Дејли Меил”. Тие во својот  ангажман и во тек на 4 недели имале љубов со пуштена стоперка , за да го регистрираат времето. Секундите  се почнуваат да течат при пенетрацијата на пенисот во жената и се закочуваат при ејакулација. Највпечатливо при овој експеримент е огромното количество варијации на времето за секс- од 33 секунди до 44 минути. Разликата е околу 80 пати и се одразува многу фактори, како возраст, емоционална состојба на индивидуите и место.

 Просечното време на еден сексуален однос кај наведените услови е 5 минути и 40 секунди. Утврдено е уште дека употребата на кондом не влијае на резултатите.

Има земји каде што сексот трае кратко како Турција, каде просечното време е малку над 3 минути и други како Шпанија, Велика Британија и САД, каде што времето е речиси двојно подолго.

Слични содржини