Канадски истражувачи создадоа смартфон чиј екран може да се витка, пишува британското издание “Индипендент”.
Екипата од Кралскиот универзитет во Кингстон, Канада, го нарече новиот изум ReFlex. Освен што го прави телефонот поотпорен на испуштања, новото тело на уредот нуди и нови начини за навигација во менито. Кога читаме книги со него нема да е потребно да ги пребарувате страниците со прст. Со ReFlex тие ќе се менуваат сами само со виткање на уредот – исто како страниците на вистинска книга со тенки корици. Апаратот исто така има и функција за мала вибрација која ќе го симулира преминувањето на страниците во прстите на читателот.
Виткачкото куќиште не одзема и од квалитетите на екранот како боја и светлина. Апаратот има OLED екран со висока резолуција и светли бои. Виткачките смартфони биле претставувани на публиката и претходно – производители како “Нокиа” и “Самсунг” се замисли слични модели, но тие биле претежно промотивни концепти или биле поврзани со кабли.
Моделот на LG “G Flex”, кој се витка, беше ставен на пазарот во 2013 година, но тој не можеше да се движи како ReFlex.