Истражувачите откриле дека лекот за ревматоиден артритис, за кој претходно се утврдило дека може да го спаси животот на пациентите со тешка форма на болеста Ковид-19, исто така може да им помогне на оние кои примаат кислород поради инфекцијата со коронавирус.
Ова значително би го намалило притисокот врз здравствениот систем, пишува Гардијан.
Една студија минатиот месец покажа дека антиинфламаторниот лек тоцилизумаб го намалува ризикот од смрт кај пациенти со Ковид-19 на интензивна нега и го скратува времето што го поминувале пациентите во таквит одделенија. Сега, голема студија го потврди тоа сознание, а исто така откри дека овој лек може да помогне во поширок круг на пациенти со Ковид-19.
„Врз основа на податоците, проценуваме дека приближно половина од примените пациенти би имале корист од овој лек“, рече професорот Питер Хорби од Универзитетот во Оксфорд. „Сметаме дека тоа може да се случи сега“, додал тој.
Една нова студија покажа дека тоцилизумаб го намалува ризикот од смрт за околу 14 проценти во споредба со оние кои примале конвенционална терапија. Повеќето од пациентите во истражувањето го добиле овој лек заедно со дексаметазон, кој веќе се користи во терапијата на Ковид-19. На крајот, научниците биле особено задоволни што овие два лека заедно дале одлични резултати.