Научниците направија робот-социопат

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Научниците во светот и во моментов водат дискусии дали човештвото ќе може да се развива без роботи. Некои сепак ги интересира и обратно – можат ли роботи без луѓе и како ќе се справат во таква ситуација. Затоа компанијата Codame и направила робот-социопат кој е програмиран така што да избегнува секаков контакт со луѓе, па дури и други роботи.

 

Робот се вика  ShyBot и е направен по идеја на италијанската дизајнерка Норма Жеан. Таа вели дека роботот е базиран на алгоритам, кој е специјално направен така што да ја избегнува човечката перспектива. Неодамна роботот поминал неколку дена во пустината на Калифорнија целосно изолиран.

ShyBot се покажал толку антисоциален поради тоа што дури ги избегнувал и дроновете кои се испраќаат, за да го фотографираат од далечина. Тој бил следен преку GPS и вградена камера која е пренос на неговото патување во живо до уметничка галерија во Сан Франциско како дел од изложбата на Жеан. Тоа е дел од нејзината концепт – машина која е слободна од човечки перспективи, која го дефинира своето постоење.