Големо подводно свлечиште што најверојатно предизвикало уништувачко цунами пред околу 300 000 години, беше откриено во длабочините на австралискиот Голем корален гребен.
Древното свлечиште, предизвикано од силен земјотрес, доведе до цунами со бранови од 27 метри, и беше откриено изненадувачки од научници кои вршеле 3D мапирање на регионот.
Досега научниците се сопнаа на осум подводни рида “во средината на никаде”. Тие откриле и необичен кратер, истражувајќи ги териториите наоколу, рече Робин Бијман од Универзитетот “Џејмс Кук”, кој е еден од коавторите на студијата. Откриено е и големо парче земја, за кое се претпоставува дека било откинато од сушата. Тоа е долго 20 километри и широко 8 км.
Свлечиштето кое е отворено на околу 75 километри од брегот на сојузната држава Куинсленд, Австралија, е големо вкупно 32 кубни км или 30 пати поголемо од големината на Улуру – познатата карпеста формација во северните делови на Централна Австралија, висока 348 метри. Научниците ја определиле возраста на свлечиштето со истражување корали на еден од ридовите.
Според податоците најстарите корални фосили таму датираат од пред 302 000 години. И иако такво масовно лизгање на земјиштето предизвикало и исто толку моќно цунами, според Бијман голем дел од неговата сила била надмината од Големиот корален гребен, кој послужил како преграда помеѓу Австралија и катастрофалните бранови. Коралниот гребен е една од најпопуларните природни знаменитости во светот и се протега на над 2300 километри на североисточното австралиско крајбрежје. Но, иако голем дел од морското дно е мапирано на 3D, големите димензии на гребенот значат дека значаен дел од него се уште не е испитан.