
Височината на брановите е значително зголемено.
Во последните неколку години Црното Море станува опасно. Руски научници од Институтот за океанологија истакнаа дека бурите во морето драматично се зголемуваат. За да го направат овој заклучок, стручњаците го набљудувале однесувањето на водените маси во текот на 37 години, соопштува kr.ru.
Научниците спроведоа анализа на податоците добиени од движењата на морето од 1979 година до сега и утврдиле дека во последните 25 години во просек бурите на Црното Море се зголемени за 10-15 проценти. Исто така експертите докажале дека висината на брановите на Црното Море значително се зголемени. При бура тие стигаат до рекордни 20 метри.
Според нив не во толку далечна иднина ќе треба да се зајакнуваат бреговите на Црното Море. Веќе е докажано дека дури бранови при не толку големи бури можат да нанесат значителна штета на бреговите и инфраструктурата.