Научниците пронајдоа црна дупка која е сосема поинаква од сите досега

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Научниците пронајдоа црна дупка која не наликува на ниту една досега и велат дека ѕвездата што ја создала исчезнала без огромна експлозија.

Научниците велат дека ова е недвосмислено објект од посебен вид, заспана црна дупка со маса на ѕвезда.

Откритието е исто така посебно затоа што тимот зад него го доби прекарот „полиција на црни дупки“ или „уништувачи на црни дупки“, како резултат на нивната претходна работа да покажат дека многу откритија поврзани со овие космички феномени всушност биле погрешни.

„За прв пат, нашиот тим се собра за да го пријави откритието на црна дупка, а не само да го отфрли“, рече во соопштение водачот на студијата Томер Шенар од Универзитетот во Амстердам.

Научниците ја опишаа оваа црна дупка како „игла во пласт сено“. Астрономите веруваат дека заспаните црни дупки се релативно чести низ универзумот, но знаеме многу малку за нив, а потврдените примери се ретки.

Тешко е да се забележат делумно затоа што тоа што се во состојба на мирување значи дека немаат многу интеракција со околината. Научниците со години се мачеа обидувајќи се да пронајдат таква црна дупка.

За да ја пронајдат оваа црна дупка, истражувачите погледнале речиси 1.000 масивни ѕвезди во маглината Турантула, дел од Големиот Магеланов Облак. Тие бараа ѕвезди кои би можеле да имаат придружни црни дупки, пишува Independent.

Слични содржини