Слични феномени се премногу ретки, истакнуваат стручњаците.

Рускиот сателит “Ломоносов” и глобалната мрежа за набљудување на вселената “Мастер” синхроно регистрираа експлозија на растојание од 10 милијарди светлосни години, соопштува ТАСС.
На 17 октомври гама телескопот на вселенската опсерваторија “Ломоносов” оствари повеќе канално снимање, а робот “Мастер”, лоциран во близина на Благовешченски, истовремено го регистрира овој настан во оптичкиот спектар.
Подоцна и најголемиот телескоп во светот, сместен на Канарските острови, го анализира спектарот на оптичкиот двојник ја потврди гама ерупцијата која се случи на растојание од 10 милијарди светлосни години. “Ломоносов”, конструиран во московскиот државен универзитет, беше истрелан од космодромот “Восточниј” на 28 април 2016 година, потсетуваат агенциите.