Може и да не се чувствува, но Млечниот пат е во постојано движење – тој плива во вселената со брзина од над 2 милиони км/ч. Астрономи соопштија дека со помош на новооткриен празен простор во отворена вселена можат да објаснат во која насока се насочила галаксијата и со каква брзина.
Излегува дека Млечниот пат не само што е повлечен од вселенските сили, но исто така е и туркан, посочуваат истражувачите во статија во списанието Nature Astronomy.
Земјата се врти околу својата оска со околу 1600 км / ч и околу Сонцето со 100 000 км / ч. Од своја страна, нашата ѕвезда го обиколува центарот на галаксијата со 850 000 км / ч. Како сепак настанува тоа?
Долго време научниците веруваа дека густо населените региони на универзумот го водат кон себе Млечниот пат преку својата гравитација. Во 80-тите како главна атракција сила беше прогласен регионот наречен Големиот притегател – кластери од неколку групи галаксии на растојание од 150 милиони светлосни години од Млечниот пат.
“Само што правецот (на привлекување) не беше сосема вистини”, вели коавторот на истражувањето Даниел Помаред од француската Комисија за алтернативна енергија и нуклеарна енергија. Од оваа причина, научниците обратиле поглед кон вселенски регион, кој се наоѓа на 600 милиони светлосни години подалеку од Големиот притегател. Таму тие откриле зона со десетици групи галаксии наречени Концентрација на Шепли.
И ако тоа се уште не ја објаснува целосно насоката и брзината на нашата галаксија, тогаш според новата студија на Помаред и неговите колеги галаксијата не само привлекувана, но и туркана. Со создавање на 3D мапа на движењето на галаксиите во вселената тие открија непознат голем регион, голем дел од кој е без галаксии и кој најверојатно го оттурнува од себе Млечниот пат и соседната галаксија Андромеда.
Научниците го нарекле регионот Диполов рефлектор. “Во прилог на тоа дека сме повлечени кон познатата Концентрација на Шепли, ние сме, исто така туркани од ново откриениот Диполов рефлектор”, коментира коавторот на студијата Јехуда Хофман од Еврејскиот универзитет во Ерусалим.