Ова е една од највпечатливите и внимателно издигнати структури на светот. Новото истражување покажува дека Кеопсовата пирамида всушност е навалена што е последица на грешка која градежниците ја направиле пред 4500 години, пишува obekti.bg, повикувајќи се на Science Alert. Излегува дека западната страна е малку подолга од источната. Тоа значи дека во основата квадратите не се точни, иако оддалеку изгледа токму спротивното. Откритието е направено од Glen Dash Research Foundation и Ancient Egypt Research Associates (AERA).
Тимови од двете организации ја проучувале величествената структура, за да се разбере подобро нејзините оригинални пропорции. Во времето кога пирамидите биле изградени (пред околу 4500 години во управувањето на фараонот Кеопс), тие биле прекриени со бел варовник. Со годините, сепак оваа надворешна обвивка била уништена(најверојатно за други градежни проекти). “Голем дел од бигорот бил тргнат низ вековите за да биде искористен повторно за градежен материјал. На крајот на краиштата пирамидите почнаа да изгледаат такви какви што се денес – без поголемиот дел од надворешната обвивка “, вели шефот на Glen Dash Research Foundation. За да се разбере како Кеопсовата пирамида изгледала пред надворешната обвивка да биде отстранета, истражувачите направиле внимателни мерења. Задача која ни од далеку не е толку лесна како што звучи на прв поглед. Прво, тимот требало да открие каде точно биле ставени варовничките камења. За таа цел, тој барал надворешни траги и јапроучувал основата врз која пирамидата била изградена. На крајот на краиштата истражувачите препознаваат 84 основни поени, на кои биле оригиналните рабови. Потоа, врз основа на сето ова, тимот ја пресметува должината на секоја од земјите. Излегува дека некогаш страните биле 230,295 – 230,373 метри долги. Западниот дел сепак излегува 230,378 – 230,436 – т.е. со 14,1 см помалку. Да, грешката не е голема и пирамидата не изгледа премногу криво. Тоа покажува дека пред илјадници години некој ја оплескал работата. Сепак, тимот продолжува да се изненадува од фактот дека древните градители постигнале речиси целосно совршенство. “Пресметките ни покажуваат дека Египќаните имале забележителни вештини за своето време. Можеме само да претпоставуваме како се постигнале овие основи со таква прецизност и со алатките со кои тогаш располагале. “
158