Во текот на денешниот ден врз основа на член 49 став 1 од измените на Законот за Влада од министерот за финансии ја побарав целокупната документација и одлуки кои претходат на објавувањето на проспектите за аукцијата закажана за 02.02.2016. По добивањето на документите ќе поднесам жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка при работен однос во втор степен со која ќе го оспорам одржувањето на аукцијата на 02.02.2016 година, поради прекршување на постапката од страна на министерот за финансии.
Во Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на хартии од вредност (“Службен весник на РМ“ бр.99/2005,35/2007,132/2007, 68/2009 и 131/2009) донесен од страна на министерот за финансии, во член 17 став 2 стриктно е наведено дека издавачот( Република Македонија преку Министерството за финансии), најдоцна до 14:00 часот во работниот ден, 4 работни дена пред денот на одржување на аукцијата го дефинира проспектот за аукција на државни записи и/или проспектот за аукција на државни обврзници и преку електронскиот систем го доставува до агентот(Народна банка на РМ). Во став 3 од истиот член се обврзува агентот (Народна Банка на РМ), во 14:30 истиот ден , преку електронскиот систем да ги упати проспектите од став 2 на член 17 до сите овластени директни учесници.
Министерот Ставрески го дефинираше проспектот за аукција на државни записи и проспектите за аукција на државни обврзници за аукцијата закажана за 02.02.2016, на ден 29.01.2016, односно 3 работни дена пред денот на одржување на аукцијата.
Интергрален текст од соопштение на Кабинет на Дополнителен заменик министер за финансии
Кире Наумов
