Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој издржува затворска казна, го исмејa рускиот претседател Владимир Путин затоа што го обвини за свесно кршење на законот кога минатата година беше евакуиран од Русија додека беше во кома.
„Тој мораше да се јави кај властите како некој кој двапати е осуден на условна затворска казна. Целосно сум свесен што прави, и сакам да истакнам дека, и игнорирајќи ги законските услови, тој господин отиде во странство на лекување“, изјави Путин пред новинарите по самитот со американскиот претседател Џозеф Бајден.
Рускиот лидер истакна дека Навални „го добил заслуженото кога бил осуден на затвор“ и дека „намерно се вратил во Русија за да биде уапсен“.
Опозицискиот лидер во објава на Инстаграм, која ја објави преку адвокат, изјави дека самиот Путин, на барање на германската влада, одобрил негова евакуација.
Потоа се потсмеваше на идејата дека „свесно“ заминал во странство и објави фотографија на која тој е пренесен во носилка во авион.
„Путин се поти и има страшна главоболка ако не лаже, на пример, дека платите во Русија растат, дека нема да има задолжителни вакцинации во Русија и дека Навални свесно заминал во странство “, се вели во изјавата на Навални.