Навални ќе штрајкува со глад: Рускиот опозиционер бара соодветна медицинска нега

301 прегледи

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор, најави дека ќе започне штрајк со глад со намера да ја убеди затворската управа да му обезбеди соодветна медицинска нега.

Веста се појави денес на Инстаграм профилот на Навални, објави Ројтерс.

„Објавувам штрајк со глад со намера да го почитувам законот и да дозволам посета на лекар кога ќе изберам“, гласи коментарот потпишан од Навални, а објавен од неговите адвокати.

Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години, а неодамна на неговата веб-страница беше објавено дека затворските стражари го мачат не дозволувајќи му да спие.

Слични содржини