Навални објави снимка од разговор со човек, за кого тврди дека го отрул

од Vladimir Zorba
327 прегледи

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денес објави снимка од неговиот телефонски разговор, за кој тој тврди дека имал со оперативец на државната безбедност вклучен во неговото труење.

Човекот кој се слуша на снимката посочува дека учествувал во чистење на облеката на Навални „за да нема траги“ откако најголемиот критичар на рускиот претседател падна во кома во текот на летот над Сибир.

Од снимката се дознава и како тој вели дека „ситуацијата ќе се одвивала поинаку“ ако авионот во кој бил Навални не беше принуден да слета затоа што му се слошило.

Човекот, кој во извештајот за медиумите од минатата недела беше идентификуван како оперативец на руската разузнавачка служба ФСБ и член на тимот што го следел Навални со години, во телефонски разговор навести дека долната облека на опозиционерот може да биде местото каде што е вметната супстанцата што го труела.

На Навални му се слоши во текот на летото на 20 август, а два дена подоцна беше пренесен во болница во Берлин.

Лабораториите во Германија, Франција и Шведска, како и тестовите спроведени од Организацијата за забрана на хемиско оружје, утврдиле дека Навални бил изложен на отровот „Новичок“, развиен во поранешниот Советски сојуз.

Руските власти силно негираат вмешаност во труењето на Навални.

Слични содржини