228
Најгласниот критичар на рускиот претседател Алексеј Навални, кој издржува казна во руски затвор, уште еднаш на Твитер повика на акција и мерки против режимот на Путин.
„Многу сум благодарен на сите за поддршката“, објавил Навални, по што додал:
„Но, сакам да го кажам ова: најдобрата поддршка за мене и за другите политички затвореници не се убави зборови, туку акција. Секоја акција против подмолниот и крадлив режим на Путин, како и секое противење на овие воени злосторства“, рече тој.
Претходно во текот на руската инвазија, Навални повика на антивоени протести во Москва и во другите градови низ светот.