239
Рускиот суд го прогласи водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални за виновен за проневера на пари, соопшти судот.
Руските обвинители бараат Навални да отслужи 13-годишна казна, во затвор со максимална безбедност, пренесе Ројтерс.
Да потсетиме, Навални две и пол години се наоѓа во затворски логор источно од Москва поради прекршување на условната казна за проневера во случајот за кој постојано изјавува дека е фабрикуван за да ги попречи неговите политички амбиции.