Навални се враќа во Русија и покрај „бројните закани“: Oткри кога ќе пристигне во земјата

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални изјави денеска дека ќе се врати во Русија со авион од Германија во недела, на 17 јануари.

Навални на Инстаграм напиша дека веројатно целосно се опоравил и дека сега е време да се врати во Русија и покрај бројните правни закани што го очекуваат таму.

Навални, познат како водечки критичар на претседателот Владимир Путин, беше пренесен во Германија на лекување во август откако колабираше за време на летот во Русија.

Германија и другите западни земји тврдат дека тоа било обид за убиство со нервен агенс новичок.

Руските власти негираат дека биле вклучени во овој инцидент на кој било начин.

Слични содржини