Навални тврди дека во затворот имал висока температура и силна кашлица

од Stefanija Kuzmanovska
391 прегледи

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, кој сега е во затвор, изјави денес дека имал температура од 38,1 степен и силна кашлица.

Тој додаде дека тројца од петнаесетмина затвореници во неговата затворска единица биле хоспитализирани под сомнение дека имале туберкулоза, пишува „Ројтерс“.

Навални претходно се жалеше на акутни болки во грбот и нозете и ги обвини властите дека одбиваат да му дадат пристап до избраниот лекар и не му даваат соодветни лекови.

Слични содржини