Уапсениот руски опозиционер и најпознат критичар на Кремљ, Алексеј Навални, изјави дека е обвинет во нова кривична постапка и дека му се заканува казна до 15 години затвор доколку биде прогласен за виновен, пренесе Ројтерс.
Во објава на Инстаграм, Навални рече дека е обвинет за создавање екстремистичка организација и поттикнување омраза кон властите.
-Што знам? Можеби Путин не ме мрази, можеби потајно ме обожава. Затоа сака да бидам скриен во подземен бункер и да ме чуваат доверливи луѓе, исто како него, напиша Навални, а пренесува „Sky News“.
Тој прашува како поинаку да го објасни фактот што не поминаа ниту осум дена од правосилноста на неговата деветгодишна затворска казна, а веќе е покренато ново обвинение.
-Излегува дека сум организирал екстремистичка група за поттикнување омраза кон функционерите и олигарсите. И кога ме ставија во затвор, се осмелив да бидам незадоволен од тоа, само бев глупав и ги повикав граѓаните на протест. За тоа би можел да добијам уште 15 години затвор. Тоа се уште 15 години во безбеден и стабилен бункер каде што ќе бидам заштитен од изненадувањата и тешкотиите на слободниот живот во Русија, пишува Навални.