Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој неодамна беше пренесен во затвор надвор од Москва, тврди дека затворските стражари го мачеле посебно од почетокот на штрајкот со глад.
Како што тврди, затворските чувари му ставиле слатки во џебот и пред него пржеле пилешко и го мамеле да јаде нешто.
Претходно беше објавено дека тој е во лоша здравствена состојба, а штрајкот со глад е обид да се бори за здравствена заштита.
Да потсетиме, тој издржува затворска казна во траење од три и пол години. Судот во Москва ја замени условната казна на Навални за случајот Ив Рошер со вистинска затворска казна за повеќе прекршувања на кривичните услови, а Московскиот градски суд ја потврди пресудата на 20 февруари и таа стапи на сила тогаш.
Инаку, рускиот опозиционер има дискус хернија и го изгубил чувството во неговите раце, изјави неодамна неговата адвокатка Олга Михаилова. Таа тврдеше дека затворските власти наводно му го ускратуваат лекувањето и покрај тоа што тој долго време се жали на лошите услови во затворот.
Неговиот друг адвокат, Вадим Кобзев, кој во средата го посети Навални во затворот, рече дека Навални чувствувал силна болка додека одел и го губи чувството на нозете, дланките и зглобовите. Исто така, Козбев тврди дека затворениот опозиционер губи до еден килограм тежина на ден.
Наваллни на својот профил на Инстаграм ги опиша начините на кои стражарите се обидуваат да го скршат. Му ставаат слатки во џебовите, пржеле пилешкото пред него и го убедувале да јаде.