848
Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, му ја честиташе победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД, додека Кремљ се уште нема реагирано на резултатите од изборите во таа земја.
На Твитер, Навални им честиташе на Бајден, новиот потпретседател Камала Харис и Американците за изборот на нови власти на „слободни и фер избори“.
„Тоа е привилегија што ја немаат сите земји“, рече Навални, кој закрепнува во Германија по обидот да биде отруен.
Последниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, од своја страна, изрази надеж дека Бајден ќе ги нормализира односите со Русија и дека ќе се воспостави доверба меѓу двете земји.